-->
-->
Земјотрес во Косово почувствуван и во Македонија
-->

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала синоќа го погодил Косово, објавено е на официјалниот профил на „Х“ на Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на 16 километри југозападно од Призрен. Потресот е регистриран во 01:46 часот по локално време.
Според ЕМСЦ, земјотресот е почувствуван и во Македонија и Албанија. Најмногу во севернозападните делови од Македонија во околината на Скопје, Гостивар и Тетово.
Нема информации за предизвикана материјална штета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
