-->
-->
Земјотрес во турската област Ван
-->
Земјотрес со јачина од 4,1 степен денеска е регистриран во источната турска провинција Ван, соопшти владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Според податоците на АФАД, земјотресот е регистриран во 12 часот и 54 минути по локлано време, а епицентарот бил во реонот на градот Тушба, во близина на езерото Ван. Длабочината на земјотресот била на седум километри.
Нема извештаи за штети или повредени луѓе.
Областа на округот Ван е високо сеизмичка зона каде што се случија голем број разорни земјотреси со многу жртви. Најсилниот земјотрес регистриран во областа беше на 23 октомври 2011 година, кога во земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер загинаа стотици луѓе, а илјадници беа повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Умерен економски раст и пониска инфлација, очекува НБРМ
-
Стотици граѓани во долга редица чекаа ваучер за инвертер
-
Почина 5 годишно дете на Детската клиника – трет смртен случај во установата за еден месец
-
Пожар во депото на Железници – Транспорт, гореле стари вагони
-
Два научни институти затворени, контроли и во универзитети
-
Хуманитарна акција во американската амбасада во сеќавање на загинатите од терористичкиот напад во 2001-та
-
Народна банка со есенски макроекономски проекции
-
Редици граѓани пред „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучерите за инвертери