-->
-->
Земјотресот прекина фудбалски меч во Италија
-->
Силниот земјотрес што ја зафати Италија го стресе и стадионот на Пескара каде се играше првенствен меч од Серија А.
Пескара загуби со 0-1 а мечот беше во прекин неколку минути откако гледачите и навивачите ги зафати паника по силното тресење на Централна Италија.
Земјотресот створи паника на трибините, а гледачите почнаа да ги напуштаат своите места. Судијата на средбата реагираше и го прекина мечот на извесно време. Сепак, глетката беше застрашувачка, особено во делот каде што се навивачите, кои реагираа панично.
Инаку, стадионот „Адријатико“ на кој се играше натпреварот се наоѓа во близина на епицентарот, па затоа и се почувствува толку силно.
- Во тие моменти ние не бевме воопшто свесни дека земјата се поместуваше. Сепак, кога слушнавме врескање на трибините сè ни беше сосема јасно - изјави после средбата дефанзивецот на Пескара, Хуго Кампањаро.
Играчот на Атланта, Матија Калдара, пак, исто така опиша што се случуваше за време на средбата.
- Ние на теренот не почувствувавме ништо, но играчите ми рекоа дека клупата со резервни играчи се тресела -
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија
-
Истрага за насилство во училиште во Битола, мерка притвор за еден од извршителите
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска