„Зери“: Демаркацијата на границата со Црна Гора зависи од Српската листа
Бојкотот на косовските институции од страна на коалицијата Српска листа ја оневозможува Владата во Приштина повторно да го стави на дневен ред во Собранието, Договорот за демаркација на границата на Косово со Црна Гора, тврди приштинскиот весник „Зери“.
Извори од косовската Влада за „Зери“ изјавиле дека им се неопходни гласовите на пратениците Срби и без нивно враќање во Парламнетот, договорот нема да се најде на седница на Собранието.
- Косовската Влада нема намера да го врати договорот за демаркација на границата со Црна Гора во Собранието на Косово, Такво нешто не може да направи поради отсуство на Српската листа од Владата и Собранието и противењето на опозицијата за актуелната верзија на докуметот, изјавил владиниот извор.
Тој додал дека процесот на заокружување на демаркацијата на граничната линија меѓу Косово и Црна Гора не може да се случи без враќање на паретниците на Српската листа во Парламентот.
- Нема ништо од овој процес без враќање на Српската листа. Потребни ни се нивните гласови, рекол истиот извор за весникот.
Гласовите на српските пратеници и се неопходни и на владината коалиција, констатира „Зери“, потсетувајќи дека опозицијата веќе една година се противи на договорот за демаркација и бара враќање на почеток на процесот, кој според неа е штетен, бидејќи со него Косово губело над осум илјади хектари од својата територија.
Ново на Сител
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам
-
Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба
-
Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад
-
Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
-
26-годишен турчин фатен со дрога во Гази Баба
-
Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година