Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово
Зголемен е бројот на деца заболени од варичела или познати како овчи сипаници во Куманово, соопштија денеска здравствените институции, Центар за јавно здравје и Здравствен дом Куманово. Лекарите очекуваат бројот да расте.
Најмногу заболуваат деца од две до осум години. Во јануари имало 24 заболени.
- Тоа не значи дека само толкав е бројот на регистрирани случаи, бидејќи оние коишто поминуваат со полесна клиничка слика, препознатлива е болеста, се лекуваат во домашни услови и не се пријавуваат од страна на матичните лекари, изјави епидемиологот д-р Јадранка Стаменковска од Центар за јавно здравје Куманово.
Станува збор за капкова инфекција која се пренесува преку кашлање, кивање, говор и преку непосреден допир. Педијатрите ги пријавуваат заболените. Болеста се манифестира со појава на исип кој започнува од главата. Лекувањето најчесто е во домашни услови бидејќи, најчесто заболените деца поминуваат со лесна клиничка слика, но има и случаи со воспаление на белите дробови при намалена имунитет.
Во Куманово лани беа евидентирани вкупно 197 случаи, со што сипаниците беа на врвот на инфективни заболувања Најголем број заболени од варичела се евидентирани во 2022 година, тогаш Центарот за јавно здравје Куманово, регистрирал 388 случаи. Епидемиолозите појаснуваат дека периодот на инкубација на вирусот трае од десет до 23 дена, заболените пак се најзаразни дента пред појава на карактеристичниот исип.
- Значајно за нас е да не настане таа супер инфекција, да не се чешаат тие крустички, убаво да се дезинфицираат рацете, проветрена просторија, богата витаминска исхрана, доколку има температура, користење на симтоматска терапија, купки, додава Стаменковска.
Во земјава вакцината против варичела не е задолжителна и нема интерес кај родителите за оваа вакцина.
- Се смета дека дечињата во таа возраст подобро е да ја прележи варичелата меѓутоа ако некои имаат полесно загрозувачко здравје тие треба да примаат, изјави д-р Валентина Богоевска Димитриевска од Здравствен дом Куманово.
Ново на Сител
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Анализа: Како да се справиме со негативното влијание на интернет просторот?
-
Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб