Зголемен бројот на мигранти во транзитниот центар Гевгелија

Бројот на мигрантите кои преку Грција пристигнуваат во прифатно транзитниот центар Гевгелија денеска се зголеми во однос на изминатите два дена.
Според информацијата од регионалниот центар за управување со кризи Гевгелија, изминатото деноноќие се пропуштале помали групи бегалци од Сирија и Ирак чиј што број моментно изнесува 140.
Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, при денешната посета на кампот потврди дека со грчките колеги се остварува добра соработка и оти пред некој ден имало состанок на директорско ниво заради договарање и координирање на соработката. На другата страна на граничната линија денеска беше видливо и зголеменото присуство на грчки полицајци кои во поголем број пристигнале во кампот кај Идомени по инцидентот што се случи пред два дена.
Според проценката на ЦУК и невладините организации и активисти, на грчка територија на просторот меѓу Идомени и Поликастро се наоѓаат десетина илјади мигранти кои со денови чекаат да ја минат границата и строгите мерки за утврдување на идентитетот кај граничниот камен 59.
Инаку, на потегот од граничниот камен до гевгелискиот камп, припадниците на АРМ ги изведуваат завршните работи за оградување со жица на патеката долга 650 метри по која мигрантите се упатуваат во ПТЦ Гевгелија.
Ново на Сител
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
