Зголемен бројот на повици во ИМП и на мозочни удари

За дваесет отсто е зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош. Во текот на денешниот ден кога беше малку поинтензивна маглата најмногу има мозочни удари, а граѓаните се жалат и на главоболки…, изјави за МИА раководителот на Службата за Итна медицинска помош, Милица Бубало.
– Делумно малку е зголемен бројот на повиците. Во просек имаме околу 100 реализирани покани, а денеска тој број изнесува 120. Повиците се двојно зголемени, значи околу 200 до 300 повици во текот на денот. Во текот на викендот имало многу сообраќајни незгоди, веројатно поради намалената видливост или невнимание на возачите, истакна доктор БУбало.
Таа препорача граѓаните да не излегуваат надвор кога е големо загадувањето на воздухот и кога има магла, а болните да ги почитуваат препораките од лекарите, да ја земаат редовно пропишаната терапија, да ги намалат физичките активности надвор и да престојуваат во просторија, каде се прочистува воздухот.
Ново на Сител
-

Храната во светот поевтинува, кај нас - можно поскапување
-

АРМ: Шугата во велешката касарна доаѓа однадвор
-

Државните вили по 30 години добиваат имотен лист - СОЗР делумно се согласува во извештајот на Ревизија
-

Дали Охрид ќе остане на листата светско наследство на УНЕСКО - владина делегација на средби во Париз
-

Преглед на вестите од светот
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
