Зголемен бројот на работници во индустријата за 0,4 отсто
Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава во однос на февруари лани и во првите два месеца во однос на јануари и февруари лани е зголемен за 0,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бележи пораст од 1 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,2 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0,9 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,3 отсто, Капитални производи за 4,4 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 4,9 отсто, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4 отсто.
Ново на Сител
-
Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица
-
Вучевиќ: Викендов ќе се одржи првиот состанок за движењето за народот и државата
-
Кривична пријава против шест лица за несовесно работење во службата
-
Просечната нето плата во јануари 43.050 денари
-
Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци
-
Почина 18-годишниот Вукашин, шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад
-
Отворена истрага за пожарот во Кочани
-
Приведени тројца дилери