Зголемен бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во јули годинава во однос на јули лани бележи пораст од 1,3 проценти, а во периодот јануари - јули 2015 во однос на истиот период од минатата година е поголем за 1,9 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 2,8 отсто, а пораст во Преработувачката индустрија од 1,6 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0,2 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарните производи, освен енергија за 0,7 отсто, кај Капитални производи за 19 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,3 отсто. Опаѓање има кај Енергијата за 1,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1 процент
Ново на Сител
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
