Зголемен бројот на заболени говеда од „јазлеста кожа“
Зголемен е бројот на заболени грла добиток од „јазлеста кожа“. Заклучно со денеска, афакетирани се околу 580 говеда, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.
Поповски повтори дека болеста е локализирана во источниот дел на Македонија, во претходно утврдените 13 жаришта.
- До вчера, бројот на заболени животни беше 524, а сега бројката е нешто поголема, околу 580. Се работи за нови заболени, односно афектирани грла во општините каде што и беше присутна болеста „јазлеста кожа“, истакна директорот на АХВ по денешниот едукативен настан за домашни миленици во општина Аеродром.
Вакцините против „јазлеста кожа“ треба да пристигнат, по што ќе почне и вакцинирањето на ниво на целата држава.
- Од компанијата производител беа дадени цврсти гаранции дека вакцините треба да стигнат кон крајот на овој месец. Веднаш ќе почнеме со вакцинација со оглед дека имаме изготвено акциски план, подвлече Поповски.
Според него, сточарите од зафатените подрачја чии грла не се заболени од „јазлеста кожа“, непречено го пласираат млекото.
- И оној мал проблем што постоеше, веќе е отстранет. Агенцијата апелираше, сите сточари, ако имаат какво било прашање, да го исконтактираат ветеринарното друштво со кое соработуваат, официјалните ветеринари на АХВ или да се јават на бесплатниот број во Агенцијата 080032222 со цел решавање на каков било проблем со кој се соочуваат, потенцира директорот Зоран Поповски.
Ново на Сител
-
Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст
-
Футсал: Македонија поразена од европскиот првак Португалија
-
СП во ракомет: Заврши бајката на Португалија, фаворитот Данска се пласираше во финалето
-
Фатен кавадарчанец кој побегнал од затворот во Гевгелија