Македонија
8. April 2017 - 17:01

Зголемен бројот на заболени од варичела во Куманово

Центарот за јавно здравје Куманово, регистрира 38 лица заболени од варичела, што е речиси својно повеќе во однос на претходниот месец кога имало 16 заболени, информираат од таа здравствена установа.

Според доктор Јадранка Стаменковска, се очекува наредните месеци бројот на заболени да расте.
 
Најголемиот број тоа се во детската возраст регистрирани од 0-6 години, 30 заболени, и имаме до 29 годишна возраст. Ова е акутно инфективно заболување, и по прележувањето остава солиден имунитет, меѓутоа голема е инфективноста, изјави Стамeнковска.
 
Ова заболување, според епидемиолозите, поминува со лесна клиничка слика во период од две до три недели. Кумановските епидемиолози препорачуваат хигиено-диететски режим, често проветрување на просториите како и мирување.
 
Болеста е во детската возраст и најдобара превентивна мерка е кога веќе ќе настане заболувањето болниот да се излоира во домашни услови, што значи децата да не се пуштаат во градинка и во училиште. Најголемата инфективност е од еден до два дена.
 
Минатата година на подрачјето кое го покрива Центарот за јавно здравје имало 672 заболени. Најголемиот број на заболени биле регистрирани во летните месеци, што значи дека ова сезонско зголемување кое што најчесто се појавување во зимско-пролетните месеци, според Стаменковска е со продолжен сезонски тек на заболување.