Зголемен прометот во индустријата
Прометот во индустријата во јануари годинава е зголемен за 6,9 отсто во однос на истиот месец од минатата година, а намален за 2,2 отсто во споредба со декември 2015 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари годинава во однос на ланскиот јануари има опаѓање од 1,1 отсто, а прометот на странски пазари бележи пораст од 8,6 проценти.
Во секторот Рударство и вадење на камен има опаѓање од 25 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 8,4 отсто.
Пораст од 30,4 отсто има кај индустриската група Капитални производи, и Трајни производи за широка потрошувачка за 4,4 проценти, додека опаѓање себележи кај Енергија за 53,5 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 10,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6 отсто.
Ново на Сител
-
Северна Кореја почна да произведува дронови со техничка помош од Русија
-
Истрага против дилер на дрога во Скопје
-
Уличен форум „Зошто нашите градови се небезбедни?“ во Скопје
-
Студено утро, преку ден сончево
-
Ќе се гради патот Букојчани - Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга
-
Голем земјотрес регистриран во Карипско Море издадено предупредување за цунами
-
Парламентарни избори во Косово
-
Трамп телефонски разговарал со Путин