Зголемен водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, растат нивоата на реките

За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера.
Со тоа, согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просекот за ноември. Кај Охридското Езеро нивото е за 13 сантиметри пониско од просечното и е три сантиметри над дозволениот минимум 693,10 (мнм), додека кај Преспанското Езеро е за 1,64 метри пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината и е 14 сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,67 метри повисок од просечниот.
Водостоите,пак, на реките во земјава се во рамките на просекот и кај сите се бележи осетно зголемување во споредба со вчера.
Ново на Сител
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
