Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција

Завршувањето на продолжениот празничен викенд во кој беа споени три неработни денови, поради празнувањето на Голема Богородица, очекувано предизвика застој на граничните премини со соседна Грција за влез во државата, покажуваат реакциите на домашните и странски туристи кои се враќаат од грчките плажи.
Реакциите за поголемо чекање за влез во државата во текот на денешниот ден можеа да се забележат во групите на социјалните мрежи каде граѓаните споделуваат видеа и слики со коментари од неколкукилометарски долгите колони за влез во нашата држава.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека ги преземаат сите потребни мерки, со спроведување на задолжителните гранични проверки, како и дека во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници.
-На граничниот премин "Дојран" во изминатите 24 часа влез во државата оствариле 2876 македонски државјани, а излез оствариле 1181 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 1593, а 908 лица ја напуштиле нашата држава, информираат од МВР.
Оттаму велат дека за истиот временски период на граничниот премин "Богородица" влез во државата оствариле 2040 македонски државјани, а излез оствариле 3116 македонски државјани.
Бројот на странските државјани кои во истиот период влегле во нашата држава, според информациите на МВР, изнесува 7632 патници, a ја напуштиле нашата држава 4280 лица.
МИА
Ново на Сител
-

Снуп Дог нуди работа од соништата: 10.000 долари месечно за да јадете сладолед – потребен е само пасош
-

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Двајца државјани на Тајван пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје
-

Трамп: Борејќи се со Иран, ги заштитуваме Израел, Блискиот Исток и западните земји
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт
-

Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
