Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
Не само во Кочани, Штип и Виница како најпогодени подрачја по трагедијата, се почесто се бара психолошка поддршка од ескперите и во други училишта низ земјава на кои веднаш се интервенира. Министерката вели до сега немаат пријава за какви било несакани појави на агресии, но внимателно го следат целиот процес.
На терен се тимови психолози од првиот ден, но освен овие активности, се вршат обуки и на сите педагошки служби во училиштата. Трагедијата во Кочани ги разбуди сите потиснати емоции кај младите велат експертите. Страв, загриженост, депресија па дури и агресија како резултат на лутина и тага по големиот број настрадани.
Сето ова треба навремено да се третира, но пред се родителите да внимаваат на кој начин зборуваат пред своите деца за оваа трагедија особено ако во нивното опкружување има блиски на некој од настраданите во пожарот.
Повеќе од 100 психолози активно се вклучени во процесот. Потребите се големи и ова е првиот бран по шокот, но ќе следи уште многу работа, велат психолозите.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар