Зголемена потрошувачката на вода во Кочани

Високите температури ја зголемеија потрошувачката на вода од градскиот водоснабдителен систем на Кочани. Од Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ истакнуваат дека потрошувачката е зголемена во вечерните часови кога, како што нагласуваат, несовесните граѓани ги полеваат бавчите и градините.
- Засега немаме посериозни проблеми во испораката на вода до домаќинствата. Бунарскиот систем на КЈП „Водовод“ располага со капацитет од околу 320 литри во секунда и доколку рационално се користи, е доволен за снабдување на сите делови од градот, изјави техничкиот директор Александар Ефтимов.
Просечната потрошувачка на вода е 170 до 180 литри во секунда, а деновиве максималната потрошувачка надминува 250 литри.
Изминатите години, пракса на кочански „Водовод“ беше испраќање екипи на терен кои до сите домаќинства апелираа за порационално користење на водата. Годинава, како што вели Ефтимов, се уште не се јавила потреба од преземање вакви мерки, што укажува на тоа дека свеста кај граѓаните проработила. Кражбите на вода, кои енормно ја зголемуваат потрошувачката, и натаму остануваат проблем со кој се соочува Комуналното јавно претпријатие.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
