Зголемени цените на производителите на индустриски производи
– Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки за 0.4% на месечно ниво, а за 18.0 % на годишно ниво.
Во јули 2022, во споредба со јуни 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.5 %, во секторот Преработувачка индустрија за 1.0% , а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 27.1%.
Во јули 2022, во споредба со јули 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 8.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 16.7 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 49.0 %.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни