-->
-->
Зголемено индустриското производство
-->

Индустриското производство во мај 2022 година, во однос на мај лани е поголомо за 8.5 отсто. Во периодот јануари – мај, пак, во споредба со првите пет месеци од минатата година е зголемено за 2.9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи пораст од 5.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 66.0 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2022 година, во однос на мај 2021 година, бележи пораст кај Енергија за 58.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.3 %, Капитални производи за 8.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 20.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %.с
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција
-
Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градсиот парк поплавени дрвјата покрај брегот
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 4 април
-
Влада: Проблемот на работниците мора да се реши системски
-
Лагард: Американските царини ќе имаат негативно влијание врз целиот свет