-->
-->
Жална вест - Почина легендата на Вардар
-->
На ФБ профилите на фановите на Вардар е објавена вест дека почина една од легендите на Вардар, Петар Шулинчевски.
Пред малку до нас пристигна жална вест. Почина Петар Шулинчевски, една од најголемите вардарови легенди и уште еден член на првата трофејна генерација од 1961 година!,стои во обајавата.
Кратка биографија за Петар Шулинчевски:
Преку родниот Ресен и градот под Тумбе Кафе, Битола, во 1956 година стигна во Вардар. Член на првите единаесет кои во Белград го совладаа Вартекс во финалето за освојување на Купот на Маршалот. Во Вардар беше цели 12 години и за тој период има одиграно 317 натпревари и постигнато 190 голови. Од Вардар замина во САД за да игра за Чикаго Мустангс.
По завршувањето на играчката кариера, долги години беше тренер на Вардар, едно време и на првиот тим, потоа на помладите селекции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“