Жална вест - Почина проф. д-р Љубица Тодорова Јанешлиева
Вчера (17.01.2021) почина познатиот и угледен научен работник, истражувач, приредувач, преведувач и универзитетски професор, д-р Љубица Тодорова Јанешлиева. Родена е 1940 година во Белград. Дипломира на Универзитетот од Бристол, Велика Британија, магистрира на Универзитетот во Белград,а докторира на УКИМ во Скопје.
Таа е дел од групата на извонредни млади професионални кадри со кои се здобива Катедрата за анлиски јазик и книжевност, во 1960-те, а кои ги поставија темелите на современите студии по англиски јазик и книжевност и ги подигнаа на извонредно високо ниво.
Неуморниот истражувачки дух на проф. д-р Љубица Тодорова Јанешлиева е прикажан во објавените околу 80 научни и стручни трудови од областа на англистиката, американистиката и компаративна книжевност (студии, предговори и есеи) во книги, специјални едиции и периодични списанија во земјата и во странство, како и неколку преводи и приредени збирки на македонска и англиска поезија.
Својот работен век го помина на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ, како професор по современа англиска и американска книжевност (Модерна англиска поезија, Модерен англиски роман, Британско - македонски културни и книжевни врски, Феминистичка теорија и критика и др.), но и како раководител на катедрата, продекан и декан на факултетот. Предавала и на Универзитетот во Братфорд, Велика Британија и Универзитетот на државата Вашингтон во градот Сиетл, САД. Последен поздрав со проф. д-р Љубица Тодорова Јанешлиева е закажан за 19.01.2021 година (вторник), во капелата на градските гробишта Бутел, од 11:30 до 12 часот.
Мирјана Јовеска
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава