Жданец ќе добие нов плоштад и скали

Бетонски жардиниери со цвеќиња, урбана опрема која ќе се состои од пет корпи за отпадоци и пет клупи, и ново осветлување ќе биде поставени на плоштадот во Жданец кој е во финална фаза од изградбата, информираше денеска градоначалникот на Карпош Стефче Јакимовски.
- По инфраструктурното комплетирање на улиците и тротоарите во населбата Жданец, во финална фаза е и изградбата на плоштадот, и целосното реконструирање на скалите кои водат од улицата Козле кон населбата, рече Јакимовски.
Појасни дека на плоштадот ќе бидат поставени клупи во вид на штипка, стилизирани моливи високи шест метри, две спицијално изработени светилки, пано за графити и локери за велосипеди.
Според него, реконструкцијата на скалите со сите елементи на реконструирачкиот зафат ќе чини околу три милиони денари, додека изградбата на плоштадот ќе чини пет милиони денари, односно за целиот овој проектќе бидат издвоени осум милиони денари од буџетот на локалната самоуправа.
Градоначалникот информираше дека се очекува плоштадот и скалите официјално да бидат пуштени за празникот „11 Октомври“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
