Живот
2. November 2015 - 13:53

Жена крадец бегајќи од обезбедувањето се заби во стаклена врата!

Безбедноните камери снимиле бизарно паѓање на жена крадец која бегала од обезбедувањето на трговски центар.

Бегајќи таа не го приметила стаклото на вратата, па со сета сила удрила во него. Жената завршила на подот а стаклото се скршило.

Веднаш потоа станала и се обидела да излезе од движечката врата, но не успеала, па излегла од вратата која ја отворил соучесникот во кражбата.

Инцидентот се случил во Порт Елизабет во Австралија во септември но видеото дури сега станало вирално. 

Жената е осомничена дека украла шминки од трговскиот ценар.