Жена од Македонски Брод се породила во амбулантно возило
Мирјана Стојческа од Самоков, Македонски Брод, засекошаш ќе го памети утрото на 2 мај, кога своето четврто дете, ќерката Ева Стојческа ја породила во болничко комбе на пат кон Прилеп, каде што требала да се породи, изјави Жарко Симески директор на Здраствениот дом во Македонски Брод.
-Во понеделникот рано наутро околу 04:20 часот примен е повик од Самоков за да се транспортира бремена жена со породилни болки до Прилеп. Но по сместувањето во болничкото комбе жената добила силни породилни болки и породувањето било неминовно да се изврши во самото комбе. Поради овие симптоми со асистенција на докторот Александар Ристески и сестрата Елена Иваноски породувањето е успешно извршено, а мајката Мирјана на свет го донела своето четврто дете, ќерката Ева и наместо со родилка, за Прилеп се упатиле персоналот од првата помош и мајка со новороденче, истакна директорот Симески и појасни дека и новороденчето и мајката се во добра здраствена состојба и вчера се пуштени дома .
Уште поинтересен е случајот од пред пет години кога бремена жена со породилки на минусни температури и на снег од половина метар пешачела со својот сопруг од село Косово до Самоков цели седум километри, од каде ги презема санитетско возило и ги транспортира до кичевска болница, каде што Елена на свет ја донела малата Божана и двете во одлична здраствена состоба по два дена ја напуштиле болницата.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп