Живот
24. November 2016 - 9:23

Жена по име Америка стана државјанка на САД на 99-годишна возраст

Америка Марија Хернандез (99) вчера стана државјанка на САД, пренесува БТА.

Америка е родена во Колумбија во 1917, а во САД живее од 1988 година, кога нејзината ќерка Ортенсија ја повикала за да и помага во чување на детето. Таа има 12 деца, 22 внуци и 12 правнуци.

Вчера старицата потпиша документ за натурализација и ја положи заклетвата за лојалност во својот дом.

- Живеам во Њујорк, престолнината на светот, рече таа и развеа американско знаменце.

Според американската Служба за државјанство и имиграција, 730.000 лица добиле државјанство 2015 година.