-->
-->
Жена повредена од заталкан куршум во Лабуништа
-->

Жена се здобила со повреда во пределот на главата од заталкан куршум во дворот од семејната куќа во струшко Лабуништа, соопшти МВР.
- Синоќа во 22:30 часот во с.Лабуништа-Струга во дворот од семејната куќа С.А., откако слушнала звук, најверојатно од истрел од огнено оружје, се пожалила на болка во главата бидејќи нешто силно ја удрило. Кога се допрела забележала крв, а кога станала од столот на кој што седела, од нејзе паднал и проектилот со кој што била погодена, се наведува во соопштението.
На жената и е укажана лекарска помош во МЦ-Струга, каде се констатирани телесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.
Увид на самото место извршила екипа од ПС-НККР-Струга
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
