Македонија
5. October 2018 - 10:40

Жена тешко повредена во страотна сообраќајка во Кисела Вода

Вчера во 11:05 часот на  улица „Борис Трајковски“, патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.С.(36) од Скопје, изгубило контрола и се превртело.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Л.С. и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош. 

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.