Свет
24. November 2015 - 14:07

Жената самоубиец од Париз е жива - Пронајдена во Мароко каде дава интервју

Светските медиуми вклучувајќи  ги и медиумите од регионот ја пренесоа веста за Мароканката Хасна Аитбулачен (26) жената самоубиец која го активираше експлозивот за време на полициската рација во Париз минатата недела.

Меѓутоа се случи неочекуван пресврт. Имено Ал Џезира Плус ја пронајде Набила во Мароко.

-Немам врска со тероризмот, изјавила Набила и додала дека нејзините фотографии му биле продадени на новинарот кој ги објавил.

Набила вели дека фотографиите биле снимени за време на нејзиниот престој во Франција.

nabila2-500

-Роднините кои долго не ги видов мислеа дека сум загинала, раскажува Мароканката која сега се обидува да ја поправи сликата која за неа владее во светот.

Вели дека новинарот не го проверил потеклото на фотографиите туку само објавил тоа што го добил.

 

Innocent Woman Mistaken For Suicide Bomber

This woman was falsely portrayed as a suicide bomber by media outlets, including AJ+. We found her in Morocco.

Posted by AJ+ on Monday, November 23, 2015