Жените недоволно застапени во високото образование
Иако постои евидентен напредок во подобрувањето на учеството на жените во високото образование, тие, сепак, не се доволно застапени. Во земјите на Западен Балкан жените се уште се соочуваат со родови предрасуди во образованието и професионалното надградување во различни области, особено во оние каде традиционално доминираат мажите, како инженерството и технологијата, беше речено на денешниот „Глобален женски појадок 2025“ што се одржува на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Како што беше потенцирано, жените се недоволно застапени на високи истражувачки позиции, а традиционалните општествени очекувања во врска со семејството често се причина да престанат со научна дејност.
-На мојот факултет каде предаваме за родова еднаквост, се уште немало жена декан. Веројатно е до нас. На многу факултети доминираат жените во бројот на вработени, но не и на деканската функција, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред присутните.
Изразувајќи верување дека доаѓа времето на жените, Сиљановска Давкова оцени дека можеби оваа година е клучна, кога се одбележуваат осум децении од формирањето на ОН.
-Осумдесет години од ОН се време за катарза. Време е за жена генерален секретар на ОН и за зајакнување на улогата на Генералното собрание каде се слуша гласот не само на големите, туку и на малите и средно големите држави. Да го препрочитаме Хемингвеј и да се збогуваме со оружјето, порача претседателката.
Настанот „Глобален женски појадок 2025“ го организира Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија по повод 11 февруари - Меѓународен ден на девојките и жените во науката.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи