Живот
11. February 2017 - 20:24

Женска одмазда: Го затекнала мажот со љубовница, па ја прошета гола низ град

Бразилката толку побеснела кога ја затекнала љубовницата во кревет со сопругот што несреќната девојка (20) ја извлекла гола од креветот и ја натерала да парадира така низ центарот на Сао Паоло.

Зад нив тргнале и нејзините синови и нивните пријатели за да го привлечат вниманието на соседите и да се погрижат сите да ја видат несреќната љубовнциа.

Жената сопругот го следела до апартманот кој му бил љубовно гнездо за состаноци со љубовницата. Кога ги фатила заедно девојката ја соблекла гола и наводно ја ишишала.

Снимката потоа ја објавила на социјалните мрежи и напиша: „Гајле ми е што сите мислат за мене. Ќе им покажам на сите како треба да постапуваат со предавниците. Токму сега ја најдов оваа ку*ва со мојот маж, поранешен маж од денеска“.

Несреќната девојка на крајот од градот ја собрал токму мажот и и помогнал да се врати дома. На крајот се вмешала и полицијата. Девојката во полиција дала изјава дека не знаела дека мажот е оженет и заедно биле само 5 месеци во текот на кои тој ја убедувал дека е самец.

На бесната сопруга и се закануваат и до 10 години затвор за изживување над девојката.