Македонија
30. December 2016 - 11:02

Жерновски во посета на Геронтолошкиот завод „13-ти Ноември“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски ги посети лицата сместени во Геронтолошкиот завод „13-ти Ноември“ во Скопје.

- Тука сме со целата наша поддршка за вас, бидејќи не смееме да заборавиме кој не’ пораснал. Сакам да ви се заблагодарам за се’ што направивте за нас. Нашата грижа останува, како и досега и во наредниот период, им порача Жерновски, посакувајќи им среќни празници и многу среќа и здравје за нив и за нивните семејствa.

Тој им подели пригодни подароци, а за убавата предновогодишна атмосфера се погрижија децата од центарската градинка „13-ти Ноември“.