Жестока масовна тепачка во Ресен: Неколку повредени, еден ранет со нож

На 03.02.2018 година во 22:25 часот телефонски во полициска станица Ресен, С. Д. (38) од Ресен пријавил дека во хотел во с.Царев Двор–ресенско, каде се одржувала веселба, бил нарушен јавниот ред и мир.
Имено, се случила масовна тепачка помеѓу Б.А. (22) и У.Ф. (31) од Охрид, од една страна и Т.К., Е.К., Т.К., Р.К., О.М. од Ресен како и други лица кои биле присутни на забавата од друга страна.
Со возило на Итна медицинска помош и приватни возила во Клиничката болница-Битола биле пренесени шест лица, при што кај Т.К. (47) од Ресен биле констатирани тешки телесни повреди (убодна рана во пределот на градниот кош и расекотина во пределот на лицето), а додека кај останатите пет лица биле констатирани телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот, а информирано е и Основното јавно обвинителство од Ресен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Приведени 13 лица во акцијата „Филтер“
-

СДСМ: Мицкоски нема официјални средби во Њујрок
-

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја продлабочува соработката со САД
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Бизнисот чека крај на кризата на Блискиот Исток
-

Педесет проценти од пиперките скапаа по нивите, сега цената се покачи, земјоделците очекуваат да остане така
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Преглед на вестите од светот
