Балкан
2. September 2016 - 12:45

Жиндар: Словенија подготвува „крајни мерки“ за повторен наплив од мигранти

Ако се повтори минатогодишниот бегалски бран, Словенија ќе биде присилена да воведе строги „крајни мерки“ со цел да ги запре несаканите мигранти, изјави словенечката министерка за внатрешни работи Весна Гјекеш Жнидар на седница на Владата. 

Жнидар истакна дека засега е мирно, но дека стравува оти тоа е само привидно затишје. 

-Донесувањето на новиот закон за странци, што ќе овозможи брзо враќање на незаконските мигранти во соседните земји, е во завршна фаза, објасни словенечката министерка за внатрешни работи. 

Таа нагласи дека полицијата и војската засилено ја надгледуваат границата со Хрватска, и дека поставената жичена ограда ќе остане и понатаму.