-->
-->
Жител на село Чегране застрелал друг жител по што избегал
-->
Триесет и седумгодишниот Л.С., жител на село Чегране вчера во 15:33 часот кај местото викано „Гропа“ атар на село Неготино-Гостивар, по расправија со Е.Е. (33) од истото село кој напасувал овци, му го доближил пиштолот до десната дланка на Е.Е и испукал еден куршум, при што го ранил, а потоа побегнал од лице место.
МВР информира дека по укажаната лекарска помош во Медицински центар Гостивар, Е.Е е пренесен во Клиниката за пластична хирургија во Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Причината најверојатно е претходно извршен физички напад од страна на Е.Е. врз Б.С. (39), брат на напаѓачот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска