Жители на Неготино по 40 години добија асфалтирана улица

Жители на Неготино по четириесетина години добија асфалтирана улица. Денеска тие јавно изразија задоволство и благодарност што конечно по долги години, им се решава проблемот од комуналната инфраструктура. Согласно на Програмата за комунални дејности на општина Неготино, се асфалтира крак од улицата „8-ми Ноември”, во должина од 110 и широчина до пет метри.
- Околу четириесет години овде ништо не беше направено. Се изменија многу градоначалници, но дури сега актуелниот градоначалник ни излезе во пресрет за да го реши нашиот проблем. Досега не можевме да се движиме како што треба по оваа улица, децата не можеа овде да си играат, но најтешко беше за болните и за лицата со посебни потреби. Многу тешко живеевме овде досега, едноставно не можевме да излеземе. Таксистите не сакаа да возат до крајот на улицата. Поради раскопаниот пат ниту дрва не можеа да ни донесат со камион. Камипнџиите не сакаа да возат наваму. Кога врнеше дожд беше посебна приказна, имаше наноси од кал и камења. Сега ќе биде многу подобро, рече Тодор Делов.
На самото место беше и градоначалникот Ванчо Апостолов, кој изврши увид во работите на терен. Информираше дека околу 70 тони на бетон денеска беа поставени на оваа улица.
-Стаанува збор за една од неасфалтираните и небетонираните улици, досега како што можевте да видите, стара и руинирана, во доста лоша состојба. Сега веќе ќе нема никакви пречки за движење како на населението кое живее тука, така и за возилата кои се движат по оваа улица, нагласи градоначалникот во изјава за медиумите.
Ново на Сител
-

Без струја дел од Чаир
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, снег на повисоките места и на планините
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
