„Жито Лукс“: Производството нормално, цените исти, нема потреба од залихи во домовите

Во „Жито Лукс“ сите производствени капацитети работат нормално, со секојдневна испорака на производи и затоа нема потреба од создавање залихи во домовите.
Компанијата соопшти и дека цените на сите производи остануваат непроменети.
– Како општествено одговорна компанија во време кога државата и граѓаните се соочуваат со закана од ширење на вирусот КОВИД-19, сакаме да ги информираме граѓаните дека цените на сите производи на компанијата остануваат непроменети. Во јавноста се појавуваат шпекулации за наводно поскапување на производите. Поради тоа, сакаме да потенцираме дека големопродажните цени кон трговците и нашата препорака за малопродажните цени остануваат исти. Малопродажните објекти, како и досега, законски имаат слобода сами да ги формираат финалните продажни цени на производите од сите производители, наведува „Жито Лукс“.
Ново на Сител
-

Изменет законот за високо образование
-

ИВЗ домаќин на десетиот Самит на верските лидери од Балканот
-

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ во официјална посета на Македонија
-

16 нови доктори на наука на УГД - знаење за практичен напредок
-

Преглед на вестите од светот
-

По децении дивоградби аеродромот во Охрид и МВР добија имотен лист
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Мицкоски во Унгарија
