„Жито маркети“ пред време ги исплати обврските кон државата
Соочени со големи предизвици од ситуацијата во која се наоѓаме со коронавирусот, ДПТУ Жито Дооел Велес донесе одлука активно да се вклучи и да придонесе за дополнителна стабилност на државниот буџет со предвремено плаќање на месечните аконтации на данок на добивка за 2020 година во висина од 10.559.513 денари, информираат од „Жито маркети“ Велес.
Како што потенцира Јованче Ѓошевски управител на ДПТУ Дооел Жито Велес, на овој начин тие сакаат да дадат конкретна поддршка во насока на зголемување на капацитетите на државата за поуспешно и поефикасно справување со ситуацијата и заштита на здравјето на сите граѓани.
– Во овие тешки времиња потребно е да покажеме единство и солидарност повеќе од било кога, да се сплотиме и да се потпреме едни на други за да можеме што побрзо да се опоравиме и да се вратиме во нормала. Како компанија остануваме посветени на почитување на препораките и мерките на соодветните институции, бидејќи јавното здравје е општествена одговорност и од сите нас зависи, истакна Ѓошевски.
Ново на Сител
-
Две лица повредени во сообраќајка во Скопје
-
Приведени три млади лица и еден малолетник - одземени марихуана и боксирач
-
Пронајден гостиварец баран по потерница
-
На депонија во село во Новаци пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна
-
До вторник услови за слаб дожд и снег на планините
-
Германскиот претседател ги повика граѓаните да гласаат
-
Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица
-
Утре пред Собранието законските измени за сметководителите