-->
-->
Живко Митревски со правосилна одлука од Вишиот управен суд се враќа на функцијата претседател на ССМ
-->
Поранешниот претседател на ССМ ја доби битката за враќање на функцијата откако во 2017та година беше заменет со актуелниот претседател Дарко Димовски.
Митревски денеска на прес-конференција објави дека Вишиот управен суд донесе пресуда со која се уважи неговата тужба и се поништи решението на Комисијата за жалби на Република Македонија од септември 2017та година.
„Се покажа дека правдата во Република Македонија функционира“, рече Митревски.
Сега се чека на Централниот регистар да ја спроведе одлуката на судот и да го впише Митревски за претседател. Според него тоа се очекува да се направи во текот на следната недела. Рече дека по неговото враќање ќе се подобри соработката со останатите синдикални организации.
Даниел Василев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија