Кошарка
8. јуни 2017 - 8:24

ЖИВО на Сител 3: Кошаркарите на Феникс и Водно Санс во финале на М-14

 
 
 
Младите кошаркари на Феникс 2010 и Партизан Водно Санс ќе играат во пионерскиот финале. 
 
Во полуфиналните натпревраи на завршниот „Ф4“ турнир за играчи до 14 години кој се одржува во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, екипите на Феникс и Водно Санс беа подобри од Вардар и МЗТ Скопје Аердором.
 
Во првиот полуфинален меч, Феникс убедливо го победи со 48 поени разлика 96-48. Во второто полуфинале, Водно Санс го совладаа МЗТ Скопје Аеродром со 78-68.
 
Така денеска од ‪17:30 часот Вардар и МЗТ Скопје Аеродром ќе се борат за третото место, додека во 20 часот Феникс и Водно Санс ќе ја започнат финалната битка за шампионска титула.  
 
Дуелот за шампионската титула ќе може да го гледате низ директен пренос на СИТЕЛ 3 телевизија, како и завршните натпревраи во М-16 конкуренцијата.
 
Последниот турнир во младинската машка конкуренција ќе се игра во петок и сабота (9 и 10 јуни) во СРЦ „Кале“. Полуфиналните двојки во генерацијата М-16 (кошаркари 2001 и помлади) ги сочинуваат, Феникс 2010 - Партизан Воднос Санс 2 и Вардар - Партизан Воднос 1. 
 
Неделата на мак-баскетот ќе биде комплетирана со завршниот турнир во возрасната категорија до 16 години во женска конкуренција кој е закажан за викендот (10 и 11 јуни).