-->
-->
Жорди Алба најави заминување од Барселона по 11 години минати во клубот
-->
Дефанзивецот на Барселона, Жорди Алба ќе го напушти тимот на крајот на сезоната.
Триесет и четиригодишниот Шпанец објави видео на социјалните мрежи во кое објави дека се пензионира. Неговиот договор со Барселона истекува на лето.
Шпанецот е „дете“ на Барселона. Во 2012 година Алба се врати во клубот од Валенсија. За Каталонците забележа 458 настапи, постигнувајќи 27 гола и 99 асистенции.
Како дел од Барселона, Алба шест пати стана шампион на Шпанија, пет пати го освои шпанскиот куп и стана победник на Лигата на шампионите во сезоната 2014/15.
Сезонава Алба има два гола и шест асистенции на 29 натпревари во сите натпреварувања. Во мај Барселона најави заминување на уште една легенда на клубот Серхио Бускетс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива