Македонија
16. December 2021 - 13:25

Зијадин Села ќе понуди оставка од лидерската функција

На седница на 25 декември оставка ќе понуди лидерот на партијата АА, Зијадин Села, но не се знае дали ќе биде прифатена од партиските структури, пишува.„Слободен печат“.

– Господин Села е принципиелен. И во 2020 година, по парламентарните избори, на партиските структури им понуди оставка, но не беше прифатена. И овој пат мислам дека ќе го направи истото, но не се знае дали ќе биде прифатена – вели партискиот извор за Слободен печат.

И Таравари смета дека Села треба да продолжи како лидер на АА, но додава дека Конгресот е отворен и секој може да се кандидира за претседател.

– Кој и да победи, ќе му честитаме и ќе го поддржиме, а ние ќе продолжиме со работа – рече Таравари.