Зијадин Села останува во владината коалиција

Алијансата за Албанците останува во владината коалиција. Ова, соопшти за МИА протпаролот на партијата Флакрон Беџети, е потврдено вчера на средба помеѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села.
Според него, нивната партија продолжува да биде дел од Владата со своите претходни позиции.
- Средбата беше конструктивна, во позитивен дух, на која меѓу другото се разговараше за продолжување на реформите, со заедничка посветеност на реформската влада. Алијансата за Албанците продолжува да биде дел од Владата со оние позиции кои претходно беа договорени во составот на парламентарното мнозинство и создавањето на реформската влада, рече за МИА Беџети.
Во однос на тоа дали веќе има наследник на Арбен Таравари за министер за здравство, со оглед на тоа дека веќе тој е градоначалник на Гостивар, Беџети изјави дека уште нема конкретни имиња за оваа владина позиција.
- Прво очекуваме Централното претседателство на партијата да назначи лице кое ќе го наследи Таравари, а потоа и ќе излеземе со офицјална информација, рече Беџети додавајќи дека се уште не е одредена седница на Централното претседателство на Алијансата за Албанците.
Ново на Сител
-

Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
-

Приведен помошник директор во Царина за мито од 17.500 евра
-

Пријавени три жени кои си ги тепале мажите во Центар, Велес и Берово
-

Кумановец загина откако со автомобил излета од патот
-

Пукаа од мотор кон група луѓе: Двајца осомничени за убиството на 26-годишниот скопјанец на „Пластичарска“
-

Мицкоски: Ако опозицијата поднесе барање во Парламент за избори, ќе прифатиме и ќе ги победиме
-

Средношколец во Загреб избоде соученик и хигиеничарка
-

Трето државно квиз првенство
