Македонија
5. January 2017 - 11:33

Зимска програма на фестивалот ДримОН

Под мотото Dreaming of a white DrimOn (Сон за бел ДримОН), а во организација на Здружението на млади уметници „Иницијатива за независен културен активизам – ИНКА“ денеска и утре во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржат културни настани дел од летниот фестивал за процесирање култура ДримОН.

Во Бистро Калапалак ќе биде отворена изложбата од постерии на тимот на ИНКА направени за Artvertizing for fair press кампањата, а ќе биде промовиран и новиот број на списанието Лице в лице. Со купувањето на новиот број стружани ќе ја охрабрат Јасе Блажеска од „Порака Нова“ и ќе и помогнат да заработи сопствени средства.

Во галеријата „Коџоман“, утре ќе биде отворена првата самостојна изложба на Викторија Попоска насловена „Запознавање“. Актерот Никола Тодороски ќе ја изведе монодрамата „Писма од земјата“ според Марк Твен, а вечерта ќе заврши со концерт на Fighting Windmills  и ДЈ сет на Maggie.