Зимска програма на фестивалот ДримОН

Под мотото Dreaming of a white DrimOn (Сон за бел ДримОН), а во организација на Здружението на млади уметници „Иницијатива за независен културен активизам – ИНКА“ денеска и утре во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржат културни настани дел од летниот фестивал за процесирање култура ДримОН.
Во Бистро Калапалак ќе биде отворена изложбата од постерии на тимот на ИНКА направени за Artvertizing for fair press кампањата, а ќе биде промовиран и новиот број на списанието Лице в лице. Со купувањето на новиот број стружани ќе ја охрабрат Јасе Блажеска од „Порака Нова“ и ќе и помогнат да заработи сопствени средства.
Во галеријата „Коџоман“, утре ќе биде отворена првата самостојна изложба на Викторија Попоска насловена „Запознавање“. Актерот Никола Тодороски ќе ја изведе монодрамата „Писма од земјата“ според Марк Твен, а вечерта ќе заврши со концерт на Fighting Windmills и ДЈ сет на Maggie.
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
