„Златен објектив“ за Панта Мижимаков
Филмскиот работник Панта Мижимаков е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2018 година, која Кинотеката на Македонија ја доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија.
Наградата на Мижимаков ќе му биде врачена на 3 мај годинава во киносалата на Кинотеката на Македонија. По свеченото доделување на „Златниот објектив“ ќе се одржи и проекција на краткиот документарен филм „Ликвидатор“ во режија на Трајче Попов. По завршувањето на проекцијата ќе има разговор со Панта Мижамаков на кој ќе бидат присутни истакнатите филмски работници: Илинденка Петрушева, Русомир Богдановски и Столе Попов.
Како што информира Кинотеката на Македонија, запишувањето на Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград коинцидира со професионалниот ангажман на полето на кинематографијата на Панта Мижимаков, најпрвин со статус на слободен филмски работник, а подоцна наизменично како вработен во „Вардар филм“ и слободен филмски работник.
Често работел на копродукциите и странските продукции кои се реализираат во Македонија и Југославија, а работел и за југословенски продуценти на повеќе филмски проекти (Шеќерна водичка, Полтрон...). Во „Вардар филм“ соработувал на поголем број кратки, документарни и играни филмови кои на шпиците не го наведуваат неговото учество во продукцијата. Од 1991 е еден од основачите и директор на приватната продуцентска куќа „Пегаз“, со којашто има реализирано неколку филмски проекти.
Кинотеката на Македонија го доделува „Златниот објектив“ како признание на поединци кои со своето професионално делување придонеле македонската кинематографија да се создаде, развива, промовира и популаризира. Досегашни добитници на оваа награда беа режисерите Бранко Гапо и Кирил Ценевски, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ, директорите на фотографија Драган Салковски и Љубе Петковски, доајените Благоја Дрнков, Трајче Попов, Коста Крпач, Илинденка Петрушева.
Ново на Сител
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-
СЗО: Една жена умира на секои две минути за време на бременост или породување
-
Дејли Мирор: Украина на бојното поле пушта 15.000 вооружени роботи - тивки убијци
-
Засилен северен ветер, наместа со услови за провејување на слаб снег
-
Сообраќајот по претежно влажни коловози, со остатоци од кашаст снег во повисоките делови
-
Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори
-
Вучиќ: Мандатар за состав на нова влада е Ѓуро Мацут
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на Струга – Ќафасан