ЗНАМ ги соопшти кандидатите за министри во новата влада
Игор Филков, роден во 1979 година, е кандидат на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија за министер за правда, а Горан Минчев (1972) е кандидат за министер за администрација.
Имињата за членови на новата влада од партијата на Максим Димитриевски беа утврдени на седница на партискиот Централен одбор вечерва, а потоа на прес-конференција ги соопшти Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.
Тој кажа дека преговорите со коалициските партнери во идната влада продолжуваат и за две заменик министерски места, но дека тие се уште не се дефинирани. Исто така, ЗНАМ ќе преговара и за позиции во третиот ешалон односно за директорски функции.
Движење ЗНАМ – За наша Македонија на Парламентарните избори освои шест пратенички места во Собранието, а поптпретседателката на партијата, Весна Бендевска, е една од тројцата потпретседатели на Парламентот.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно