Знаме од 1.423 метри квадратни: Бајкерите на Путин го освоија Антарктикот
Припадниците на рускиот мотоциклистички клуб Ноќни волци, кои се блиски до претседателот Владимир Путин, на Антарктикот го развиорија најголемото руско знаме, чија површина е дури 1.423 квадратни метри.
Необичната акција е изведена по повод Денот на националното единство на Русија, кој се одбележува на 4. ноември.
-На Антарктикот допатуваа десет луѓе. Патувавме неколку дена, преноќивме на брегот, рече Јуриј Волков, претседател на патриотската организација Сите светови.
Групата претходно ова знаме го рави на Кавказ, на Бајкалското езеро, на Крим и во Москва.
Ноќните волци, кои некогаш важеа за мото-клуб од другата страна на законот, последните години станаа неизоставен декор на патриотска Русија поради ширење на рускиот национализам.
На членовите на клубот им е забранет влезот во повеќе европски земји и САД против нив воведе санкции.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите