-->
-->
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-->

Oбјавeн е кодексот на однесување од страна на Хрватската ракометна федерација за навивачите што ќе бидат присутни во Пореч, Вараждин и Загреб на натпреварите од Светското првенство.
Наведено е точно кои знамиња смеат да бидат внесени во салата. Меѓу нив е официјалното државно знаме, но познато е дека навивачите често доаѓаат со знамето со сонцето од Кутлеш. Тоа сега е забрането.
Ова се правилата кои мора да ги почитуваат навивачите кои ќе присуствуваат на натпреварите:
1. Максимални димензии на знамето: 200 cm x 150 cm (2 m x 1,5 m)
2. Забрането:
-Знамиња кои го покриваат погледот на другите гледачи.
-Знамиња со навредлива содржина или политички пораки.
3. Дозволени се само официјалните знамиња на земјите учеснички на првенството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
