ЗНМ и ССНМ против предложениот закон за владините реклами
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) сметаат дека законот за владините реклами, предложен од ВМРО-ДПМНЕ на состанокот на работните групи на политичките партии, претставува напад врз независноста на медиумите и ќе направи упад во мисијата, финансирањето и уредувачката политика на медиумите, изјавија денеска претседателите на двете новинарски здруженија Насер Селмани и Тамара Чаусидис.
- Со овој закон со парите на граѓаните се планира да се легализира, прошири и надгради корупцијата во медиумите, со цел да ги контролира и да ја задуши секоја критика во медиумите, рече претседателот на ЗНМ, Селмани.
Според него, предложениот закон доделува и надлежност на Агенцијата за медиуми што не е предвидена во Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ниту е својствена во демократски земји.
ЗНМ ги повика СДСМ, ДУИ, ДПА, ЕУ и САД да го отфрлат ваквиот предлог и да се заложат за идеите на посредникот Питер Ванхауте.
Со поддршка на решенијата за реформи во медиумската сфера на Ванхауте е и ССНМ од каде оценуваат дека предлозите на ВМРО - ДПМНЕ доставени во преговарачкиот процес се целосно неприфатливи.
ЗНМ и ССНМ се и против предлогот во јавниот сервис МРТ 100 дена пред изборите да бидат двајца уредници еден од владејачката партија и еден од опозицијата. Тоа, според нив, не води кон професионализација туку кон дополнителна партизација на јавниот сервис. За нив е неприфатливо и просторот во информативните емисии на МРТ да биде соодветен на гласовите кои ги добиле партиите на последните избори.
- Тогаш таа телевизија нека ја финансираат членовите на ВМРО - ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, а не граѓаните преку радиодифузната такса, изјави Селмани. Чаусидис,пак, смета дека со тоа решение не би се дал простор за никакво друго мислење кое не е во меинстримот на четирите големи партии.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам