ЗОИ: Падна и првата допинг „жртва“
На ЗОИ во Пјонгчан се спроведуваат брзи и строги допинг-тестови и веќе на тестот падна и првиот спортист тоа е Кеи Саито од Јапонија кој е спринтер во брзо лизгање и еден од фаворитите за меда.
Саито по самото пристигнување во Ј.КОреја бил подложен на тест, а во крвта било регистрирано недозволената супстанца ацеталозамид.
Ова е голем шок за Јапонија, зошто досега ниту еден јапонски спортист не бил позитивен на допинг тест на ЗОИ. Олимпискиот комитет на Јапонија реагираше со соопштение дека Саито бил тестиран пред поаѓањето во ПјонгЧанг на 29.јануари со извештај дека неговиот тест бил негативен.
Меѓународниот суд за арбитража во спортот во Лозана веднаш му изрече забрана за натпреварување, која е всушност автоматска забрана се до моментот на втор тест кога ќе треба да се потврди или да се избрише казната.
Ново на Сител
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
Џафери и Апасиев пред Уставен, дали постои политичка дискриминација?
-
Мицкоски и Таравари до Ахмети: Добро е, се навикнавте да сте опозиција