Спорт плус
19. February 2022 - 19:01

ЗОИ:Продолжува доминацијата на Германија во боб

Лаура Нолте и Дебора Леви на доминантен начин го освоија златниот медал, во боб двосед, на Зимските олимписки игри во Пекинг.
 
Пилотот Нолте и Леви беа најбрзи во три од четирите трки. Со вкупно време 4:03,96 минути го освоија златото.
 
Успехот на Германките го комплетираше втората посада во состав Маријам Јаманка и Александра Бургхард. Тие во последната трка имаа подобра резултат од сонародничките.
 
Бронзата во оваа конкуренција им припадна на Американките, Елана Мејерс Тејлорс и Силвија Хофман.